Home INFO Рејтингот до плафон: Јелена Карлеуша гостуваше во политичка емисија на Пинк

Рејтингот до плафон: Јелена Карлеуша гостуваше во политичка емисија на Пинк

реклама:Лето во Банско

По паузата од неколку години, Јелена Карлеуша гостуваше на ТВ Пинк и тоа во емисијата која третира политички теми, “Хит Твит”.

Со оглед на тоа дека долги години беше “забранета” на Пинк, ова гостување ја изненади јавноста.

Тема на разговор беа немилите настани на 3 и 4 мај годинава, каде во два извршени масакри животот го загубија 19 лица и врсничкото насилство.

Јелена откри дека и нејзините ќерки биле жртви на врсничко насилство, биле напаѓани, а помалата ќерка дури добивала и закани дека ќе заврши во шахта.

Пејачката повика на мирни протести против насилството врз децата, но без политички пароли. За неа е несфатливо како може да се обвини власта и претседателот за дело на двајца психопати.

– Јас сум од Белград, кој отсекогаш бил град каде лужето излегуваат на улици, но овде мораме сите заедно. Да се собираат поени на ваква трагедија е еднакво на воено профитерство. Деца се во прашање, што е уште пострашно. Ние зборуваме за тоа кој е против насилство, а сите сме – истакна.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------