Состојки:
300 мл вода
300 мл јогурт
120 мл масло
коцка свеж квасец
1 лажица шеќер
1,5 лажица сол
2 јајца
1 жолчка
околу 1000 – 1100 гр брашно
За премачкување
1 белка
сусам и маргарин
Подготовка:
Ставете го квасецот во млаката вода со шеќерот и 1 лажица брашно да запени.
Потоа додадете го маслото и јогуртот кој е на собна температура, па потоа јајцата, мал дел од брашното.
Откако ќе измешате додадете ја и солта, па понатаму месете глатко тесто со додавање на брашно.
Покријте го измесеното тесто и оставете го да се дуплира.
Потоа поделете го на 20 топчиња кои ќе ги наредите во помал плех од шпоретот. Премачкајте ги одозгора со разматена белка и поросете сусам и семиња по желба.
Врз секое ставете по мало парченце маргарин.
Печете ги на 200С додека поруменат.