Home INFO Ризикот за пренесување на коронавирусот е многу помал во авион отколку во...

Ризикот за пренесување на коронавирусот е многу помал во авион отколку во маркет и ресторан

реклама:G Natural

Ризикот да заболите од коронавирус во авион е многу помал отколку во продавниците или рестораните, објавија во вторникот експертите од Харвард. Според извештајот на Школата за јавно здравство ризиците се многу помали поради строгите протоколи и заштитни мерки.

Истражувањето на групацијата „Ерлајнс за Америка“ го иницираше ова истражување поради загубите на американските компании од милијарди долари секој месец, како резултат на падот на приходите за 65 отсто поради пандемијата.

Американските авиокомпании имаат 50 отсто помалку летови отколку во 2019 година. Студијата на Харвард вели дека дека авионите имаат системи за вентилација кои го менуваат воздухот во просек на секои две до три минути, отстранувајќи 99 проценти од честичките со големина на коронавирус.

Претходно и студијата на истражувањето на Министерството за одбрана на САД покажа дека ризикот од пренесување на ризикот при патување со авион е минимален со задолжителното носење маски, дезинфекцијата и постапката за качување и симнување од авионот

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“