Home INFO Цеца ќе го жени синот! Вељко закажа свадба со Богдана, еве каде...

Цеца ќе го жени синот! Вељко закажа свадба со Богдана, еве каде и кога ќе го изговорат судбоносното „да“

реклама:G Natural

Вељко Ражнатовиќ и неговата вереница Богдана Родиќ ќе се венчаат во јуни следната година во Белград.

Како што и веќе наголемо се зборува, Богдана и Вељко свадбата ја планирале и порано, но повозрасните и поискусни ги советувале да се венчаат по постот во 2019 год.

„Бев кај Цеца пред помалку до месец дена и тогаш го запознав целото семејство. Цеца е природна и нормална жена и навистина сме воодушевени колку е културна.
Тогаш прв пат се запознавме и точно е, зборувавме за свадба. Венчавката би требало да биде следната година, но сеуште не го прецизирале датумот можеби во јуни. Не сум сигурен и немојте да ме држите за збор“ – кажал таткото на невестата.

„Вељко не дочека прекрасно, тој е прекрасно момче. Не знам каде ќе живеат по венчавката но мислам дека ќе бидат сите заедно во куќата во Белград“ – заклучил таткото на Богдана

Да потсетиме дека Вељко месеци наназад Богдана ја нарекува своја жена, а Цеца и Анастасија јавно ја поддржаа нивната врска.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“