Сите фанови на Селена Гомез откако го видоа нејзиното ново видео на Тик Ток беа видно загрижени кога забележително моќеше да се примети дека на пејачката неконтролирано и се тресат рацете.
Пејачката ги покажала чекорите од својата рутина за нега на кожата, а нејзините следбеници забележаа како ѝ се тресеа рацете додека се обидуваше да ја истури мицеларната вода на влошката.
“Хаха, се тресам од лековите за лупус. Исто така, прочитајте го упатството, не сум професионалец во ова”, одговори таа во коментарот на видеото објавено од Тiktoker.
@selenagomez PSA I got most of these products free. I ain’t just rolling like that everywhere. Use any serum to take off make up before washing. It breaks it up nicely. Also use a sponge to wipe eyes to treat eyes delicately when removing make up. K I’m done pretending I know what I’m taking about.
Да потсетиме, на Гомез во 2014 година ѝ беше дијагностициран лупус, автоимуна болест која ги напаѓа ткивата и органите на пациентите. Воспалението предизвикано од лупус може да влијае на бубрезите, зглобовите, мозокот, срцето, белите дробови, кожата и крвните клетки.
Три години откако ѝ беше дијагностициран лупус, на пејачката ѝ беше извршена трансплантација на бубрег, а за своето искуство зборуваше во документарецот Selena Gomez; My Mind & Me.