Изминатиов период медиумите во регионот се преокупирани со Јелена Карлеуша.
Првично беше актуелна со наводниот секс скандал со фудбалерот Огнен Врањеш, а потоа со кавгата и непристојните преписки со сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ.
До неодамна, настапите во клубовите низ Европа пејачката ги наплаќала околу 8 000 евра, а сега без проблем може да наплати и 15 000 евра од настап, објавуваат српските медиуми.
За разлика од нејзините колешки, Карлеуша не е особено заинтересирана за ширење на својот бизнис надвор од музиката.
Освен од пеењето, дивата добива огромна сума и од шоуто “Звездите на Гранд”.
Како што пишуваат медиумите од соседството, таа добива хонорар од 300 000 евра по сезона.