Home INFO Нови интересни факти за спиењето!

Нови интересни факти за спиењето!

реклама:

Постојат доста факти за соништата и спиењето кои ни се малку познати.

Со сигурност знаеме дека во текот на ноќта се случуваат разни промени во мозокот, но научно сеуште не се целосно откриени сите мистерии поврзани со сонувањето.

Следат 4-те најнови созананија поврзани за соништата.

Сонуваме цела вечер

Познато е дека сонуваме за време на РЕМ фазата. Но најновите истражувања покажуваат луѓето сонуваат постојано во текот на ноќта.

„Соништата се изразени во текот на оваа фаза од спиењето, така што дури и да не се сеќавате јасно на вашите соништа, не значи дека не сте сонувале. Во текот на ноќта, РЕМ фазата се продолжува па отука, соништата се најчести во текот на утрото, непосредно пред будењето“, вели доктор Рубин Најман.

Не ги паметиме соништата доколку не разбуди аларм

Трауматично бидење со помош на пискав будилник или аларм од телефон допринесува да ги заборавите вашите соништа.

„Најдобар начин да ги запаметите соништата е да си дозволите сами на себе постепено и полека будење без стрес. Само во ваква опуштена , гроги фаза, најлесно можете да видите што сте сонувале“, вели др. Најман.

Сонуваме во реално време

„Наспроти верувањето дека сонот трае само еден мал дел од секунда, во реалност соништата траат 20,30,60 минути. Почетокот е поврзан со заспивањето а продолжува да трае во текот на РЕМ фазата“, објаснува др. Најман.

Кошмарите не секогаш се поврзани со стравовите

Лошите соништа или нам познати како кошмари, не се пријатни за сонување но не секогаш се поврзани со нашите реални стравови од реалниот живот.

Во една студија изработена во почетокот на 2014 год, се анализирало однесувањето на 331 личности.

Мажите во лошите соништа имаат чувство на несигурност, тага, вина и загриженост додека пак кај жените, лошите соништа се врзани со агресија, несогласување во врската и караница со партнерот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------