Кејт Мидлтон дипломирала историја на уметност и неколку пат добила јавни пофалби за одличните фотографии од своето семејство.
Речиси сите фотографии од родендени и тргнувања на децата во градинка или на училиште, се направени токму од неа.
Војвотката од Кембриџ на почетокот од оваа година била прогласена за заштитничка на Кралското фотографско друштво.
Кејт ја почнала традицијата во 2015 година, кога самата ја фотографирала принцезата Шарлот, наместо да најми фотограф.
Новата божиќна честитка од војводата и војвотката од Кембриџ се појавила само еден ден по објавата на божиќната честитка од војводата и војвотката од Сасекс.
И двете фотографии се црно-бели и прикажуваат насмеани и среќни деца.
???? Merry Christmas to all our followers!
This photograph of The Duke of Cambridge, Prince George, Princess Charlotte and Prince Louis was taken by The Duchess of Cambridge in Norfolk earlier this year. pic.twitter.com/40j3Xg36Q4
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) December 25, 2019