Врвни научниви на НАСА тврдат дека овој јули ќе биде најтоплиот месец во последниве стотици, ако не и илјадници години.
„Гледаме невидени промени ширум светот. Топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа, Кина и уриваат температурни рекорди. Не е изненадување“, рече Гевин Шмит, директор на Годард Институтот за вселенски студии на НАСА.
Предупредуваат дека човековата активност, првенствено емисиите на стакленички гасови го предизвикуваат затоплувањето што го чувствуваме сите, а жештините само ќе се влошат низ годините.
Дел од научници на НАСА веруваат дека има 80 проценти шанси 2023 година да биде најтоплата година.