Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Обожавателите се простуваат од Метју Пери: Пред зградата на „Пријатели“ цвеќиња и...

Обожавателите се простуваат од Метју Пери: Пред зградата на „Пријатели“ цвеќиња и емотивни пораки

реклама:G Natural

Голем број обожаватели на Метју Пери од вчера спонтано се собираат во Вест Вилиџ на Менхетен за да му оддадат почит на актерот.

Пред канцеларијата на улицата „Бедфорд 90“, која во серијата ја претставуваше зградата во која живееја „пријателите“, обожавателите оставаат цвеќиња, фотографии и пораки за починатиот актер.

Иако серијата се снимаше во Холивуд, односно во студио, таа постојано содржеше кадри од шесткатницата во Њујорк, која сега е собиралиште на обожавателите.

„Денот кога сите изгубивме пријател“, стои во една од пораките.

Покрај Американците, на улицата Бедфорд 90 се собрани и многу туристи кои се нашле деновиве во Њујорк.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------