Home ШОУ БИЗз Балкан Денеска неможам да објавам нова песна, напиша Северина и сподели емотивна порака...

Денеска неможам да објавам нова песна, напиша Северина и сподели емотивна порака во чест на Оливер

реклама:G Natural

Популарната сплитска пејачка Северина поради смртта на Оливер Драгојевиќ ја одложи објавата на новата песна „Магија“ која ја сними со Јала Брат.

„Денеска не можам да ја објавам новата песна, не можам да зборувам, да јадам, а ни да спијам ниту би можела да се радувам… Ајде малку да тагуваме… Ќе има песни … Почивај во својата песна, Мој Галебе’, напиша Северина.

Северина со емотивна објава на својот Фејсбук профил се прости од легендата на регионалната музичка сцена.

„Ова е тешко, ова нема смисла, ова е претешко…На неговите песни ги учев првите зборови. Ова е многу тешко и не сакам да верувам. Тој е папе на сите Далматинци. Неговите песни влегоа во нас низ мајчиното млеко. Тој е во мојата ДНК, во твојата и во сите нас. Те сакам, папе. Плачем, папе. Прости ми, папе…Сите плачеме“, напиша Северина на далматиснки на својот Инстаграм.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------