Во хрватскиот народен театар денеска се одржа комеморација по повод смртта на славниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ.
Во Хрватска денеска е национален ден на жалост, а по тој повод знамињата се на половина копје, а медиумите преку неговите песни се опростуваат од легендата.
Во организација на Хрватската музичка унија во соработка со Владата на Република Хрватска, со надлежното Министерство за култура и останатите институции во Хрватскиот народен театар се одржа комеморацијата за Оливер Драгојевиќ, во присуство на семејството, пријателите и соработниците, како и на државните и градските претставници.
Целата комеморација можете да ја погледнете тука: