Home INFO Мислете на себе си: Ова се три најважни антистрес совети

Мислете на себе си: Ова се три најважни антистрес совети

Фото: pixabay.com
реклама:Велигден со Стаф

Се будите доцна и мора набрзина да се облечете за да стигнете на работа. Трчате низ кујната во обид да испете шоља каде, па го истурате на здолништето.

Се враќате да се пресоблечете. Потоа на врата сфаќате дека сте ја смениле чантата и дека немате новчаник.

Се враќате и го земате, а потоа повторно трчате надвор. Пред влезот од зградата не можете да ги најдете клучевите од автомобилот. Дали повторно да се вратите дома?

Сликата со ваков почеток на денот сигурно за многумина од вас звучи познато.

Ако ова често ви се случува, време е за неколку промени во начинот на размислување, советува популарниот зен блогер Лео Бабута.


1. Посветете се на една работа

Работете едно по едно и посветете се на задачата која ја правите. Задлабочете се во неа и почуствувајте како ве напушта потребата да протрчате низ задачата и да ја започнете следната. Листата на оврски и така никогаш не престанува, па следната нека дојде малку подоцна. Бидете едно со вашата задача, па тоа нека биде вашиот цел универзум.


2. Ослободете се од идеализирање

Стресот го создаваат надворешниот фактори, работата или семејните проблеми, тоа се само делови од нашиот живот. Стравот произведува стрес. Став од неуспех, страв дека нема да бидеме сакани, дека не сме доволно добри, страв дека некој ќе не остави. Коренот на стравовите лежи во идеалот кој сами го креираме, а потоа се плашиме дека нема да го достигнеме. Во главата се гледаме како успешни и совршени, опкружени со слични луѓе кои постојано уживаат. Кога ќе сфатиме дека тоа е невозможно, повредени сме. Ни останува стресот кој настанал уште додека сме стравувале дали сакаме или не сакаме да го доживееме идеалниот успех. Наместо да нанесувате болка, прифатете ја неизвесноста и верувајте дека се ќе биде добро. Помалку ќе се плашите, а и стресот значајно ќе биде помал.

3. Прифатете ги другите со насмевка
Обично се вознемируваме кога другите не се однесуваат онака како што мислиме дека би требало. Наместо на тоа да гледаме како нешто вознемирувачки, обидете се да ги прифатите другите. Ако ги прифатите онакви какви што се, во нив ќе препознаете и дел од себе – несовршени, во потрага по среќа, во борба за среќа, се однесуваат онака како што мислат дека треба, прават најдобро што знаат, баш како и ние. Затоа прифатете ги од срце, уживајте во времето поминато со нив и ќе бидете посреќни, а помалку под стрес.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------