Home ШОУ БИЗз Балкан По многуте стресови и настапи Наташа Беквалац заврши во болница

По многуте стресови и настапи Наташа Беквалац заврши во болница

SHARE

По тешкиот период кој го преживеа претходните месеци, откако сопругот Лука Лазукиќ ја претепа, Наташа Беквалац се посвети на работата и семејството. Таа во петокот и саботата имала спектакуларни настапи во Будва и Сутоморе, па останала уште два дена да се одмори на Јадранското приморје. 

Фотографите ја насликале како ужива во една од плажите, а како што пишуваат српските медиуми, поради слабиот имунитет завршила во болница.

– Наташа во последно време многу слабо јаде. Доста стрес имаше периодов, па тешко се враќа во нормала со исхраната. Последниве неколку дена беше доста активна, допатува до Црна Гора, доста беше на сонце, па затоа одржа само два настапа. Публиката навистина одлично ја дочека и направи вистински спектакл. Сепак во неделата  и се слоши, ја престигна заморот и мораше да посети лекар, по прегледот и дадоа инфузија, по што состојбата и беше одлична, вели близок пријател на пејачката. 

РЕКЛАМИ: ----------